Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ и Милик донесоа победа за Јувентус, голот на Елмас недоволен за Наполи (Видео)

Објавено

на

Јувентус се мачеше и против Специја, но успеа да ги освои бодовите на домашен терен (2:0), додека Елиф Елмас и Наполи освоија само бод против Лече (1:1).

Душан Влаховиќ втор натпревар во ред постигна атрактивен гол од слободен удар и во 9. минута донесе предност за домаќините, но Јувентус во продолжение никако не успеваше да ја осигура победата.

Специја имаше неколку, но не премногу обиди за израмнување, но кога не успеа да го стори тоа, Милик во судиското надополнување го постигна првиот гол во дресот на Јувентус за конечни 2:0.

Наполи имаше добар развој на настаните во еден дел од првото полувреме, бидејќи гостите не реализираа пенал, а Елмас во продолжение постигна гол за водство на домаќините.

Тоа траеше кратко бидејќи на спротивната страна Коломбо постигна атрактивен гол за 1:1, фактички поставувајќи го конечниот резултат на средбата.

Наполи и Јувентус сега имаат по 8 бода, два помалку од лидерот Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни