Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Венгер со брутална анализа за квалитетот на Тотенхем: Вложуваат толку многу пари, но….. (Видео)

Објавено

на

Арсен Венгер изминатава вечер беше дел од студиото на „БеИН Спортс“ во Лигата на шампионите и делеше коментари за двата натпревари во Милано и Париз, но поради неговото минато во Арсенал, посебен акцент се стави на делот кој го посвети за Тотенхем.

Легендарниот Французин смета дека Антонио Конте не е виновен за лошите резултати кои ги остварува тимот оваа сезона, па со својата брутална анализа им остави простор на фанвоите на Арсенал да се сладат на европските маки кои ги има лутиот ривал.

– Нема да ја доведам во прашање посветеноста на Конте. Тој беше во Англија, се врати во Италија, а потоа се врати во Англија. Тој е професионалец и поврзан е за клубот.

– Работата е во тоа што за мене Тотенхем не е тим кој влева доверба, тие едноставно немаат доволно добри играчи. Инвестираа и вложија многу пари, но загубија осум од 23 натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

– На натпреварот со Милан дојдоа со пораз од Лестер со резултат 4:1. Лестер не е тим кој е многу добар оваа сезона. Севкупно гледано, сметам дека на овој тим му недостасува брзина, тие имаат монотон ритам и не ја менуваат брзината во играта. Едноставно не можат да се натпреваруваат на највисоко ниво во моментов, – вели Венгер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни