Поврзете се со нас

Македонија

Вардар заминува на Златибор, договорени се четири контролни натпревари

Објавено

на

Екипата на Вардар ќе игра во најсилната домашна конкуренција во натпреварувачкаат 2023/2024, па повеќе од јасно е дека тимот ќе мора да биде на далеку повисоко ниво и покрај тоа што има доста нерешени проблеми во клубот.

Меѓутоа се чини работите се движат во позитивна насока и како една потврда за тоа е што „црвено-црните“ дел од подготовките ќе ги одработат надвор од Македонија и тоа во Златибор, Србија.

Најтрофејниот македонски тим ја информираше јавноста дека од 15 до 27 јули ќе биде во нашето соседство каде ќе одигра четири натпревари против Металац Горњи Милановац, Бокељ Котор, Смедерево и Дубочица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни