Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар пред тежок испит против Кил: Гаџа и Ристовски во „аут“, се враќа Моралес (ФОТО)

Објавено

на

Ракометарите на Вардар оваа вечер го играат деветтиот меч од групната фаза на Лигата на шампионите, а ривал е бундеслигашот Кил.

Оваа средба се игра во Германија од 20:45 часот и домаќините се апсолутни фаворити за освојување на целиот плен.

„Црвено-црните“ се во резултатска криза, но воедно имаат и проблеми со составот и против „зебрите“ ќе играат без среден бек. Имено Анте Гаџа не е спремен за настап, истото важи и за искусниот голман Борко Ристовски, додека позитивно е што се враќа десниот бек Куни Моралес.

На списокот е голманот Али Сафар како и македонскиот репрезентативец Марко Мишевски.

Само за потсетување првата средба во Скопје заврши со победа на Кил од 29-26 и тоа со пресврт во второто полувреме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни