Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Пелистер со сигурни победи ги оправдаа фаворитските улоги

Објавено

на

Вардар останува перфектен во ракометната Суперлига и вечерва стигна до „осум од осум“ во својата група, додека на спротивната страна, седма победа оствари Еурофарм Пелистер.

Македонскиот шампион немаше милост за својот имењак од Тиквешијата и го победи Вардар Неготино со преубедливи 41:19, резултат кој најдобро отсликува каков беше распоредот на силите на теренот.

Вардар фуриозно се прошета на теренот и стигна до максимален учинок од осум победи, што прави да биде недопирлив во својата група во ракометната Суперлига.

На останатиот меч кој се играше вечерва, Еурофарм Пелистер гостуваше во престолнината, па за разлика од Вардар, мораше да се испоти за победа над Скопје.

Домашниот тим имаше егал ситуација од 17:17 на петнаесет минути пред крајот, но потоа Пелистер врза серија од три гола и направи клучна разлика која ја најави победата од 20:25.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни