Поврзете се со нас

Англија

ВАР спасител за „ѓаволите“: Јунајтед избегна историски срам на „Вембли“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед имаше се на своја страна и се чинеше дека лесно ќе се пласира во финалето на ФА Купот, особено откако Бруно Фернандеш со малку среќа постигна гол за предност од 3:0 против Конветри.

Претходно, „ѓаволите“ постигнаа два гола преку МекТоминеј и Мегваер и голема предност се чинеше дека е дефинитивна, но така не мислеа и храбрите играчи на второлигашот кој во последните 20 минути режираа вистинска драма.

Ковентри постигна гол преку Симс за 1:3, потоа стрелаше и О’Хара во 79-та и постигна гол со многу среќа, а аутсајдерот во судиското продолжение доби пенал и израмни на 3:3 во 95-та минута.

Рајт го однесе мечот во две продолженија од по 15 минути, а во овој период од мечот први се заканија играчите на Ерик Тен Хаг, и тоа преку капитенот Бруно. Потуглецот ја погоди гредата, но со иста мера на спротивната страна одговори и Симс, додека во 121-та минута Конветри постигна гол за финале, кој за несреќа на фановите во сино беше поништен поради минимален офсајд.

ВАР системот го спаси Јунајтед во самата завршница и полуфиналето отиде во пенал рулет, во кој Јунајтед успеа да победи со 4:2 и да се пласира во финалето во кое ќе гледаме реприза од минатата сезона (Сити против Јунајтед).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни