Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ван Дајк по поразот од Реал: Ние не сме роботи

Објавено

на

Ливерпул ќе мора да го анализира поразот од Реал Мадрид, а ќе патува во Шпанија само со теоретски шанси за пласман во следната фаза.

Искусниот Вирџил ван Дајк е еден од фудбалерите кои потфрлија на вчерашниот дуел, а во својата изјава тој вели дека на секому може да му се случи да направи грешка или да загуби натпревар.

– Нашата мисија во Мадрид е речиси невозможна, но кога ќе дојде моментот, ќе се концентрираме и ќе го претставиме клубот најдобро што можеме.

– Разочаран сум од начинот на кој загубивме и поради тоа што не си оставивме шанса за реваншот. Сега единиствено можеме да останеме сплотени и да го прифатиме поразот како колектив.

– Јасно е дека направивме многу грешки, но тоа му се случува секому, не сме роботи. Се надевам дека ќе ја научиме лекцијата, – изјавил Ван Дајк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни