Поврзете се со нас

Македонија

Убедливи изданија на МЗТ и Работнички, шампионот од првото место ќе влезе во плејофот

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје и Работнички издвоија победи во последното 22. коло од регуларниот дел во Првата лига.

Вечните скопски ривали се бореа за првата позиција, па на крајот двете екипи го завршија овој дел со ист учинок од 18-4, меѓутоа металците на крајот ќе го имаат стартното место во плејофот поради подобриот кош-количник во дуелите со клубот од Градски Парк.

Инаку денеска МЗТ беше подобар од Навико Академија ФМП с0 105:67, додека Работнички го надигра Гостивар со 104:84.

Тримфот на „штрковите“ го одбележа Андоновски со 20 поени и 9 скока и Баковиќ со 19 кошеви.

Декоузи пак со 28 поени беше играч број еден за Работнички.

МЗТ во првата плејоф рунда ќе се соочи со Гостивар, додека Феникс 2010 ќе биде противникот на четата на Самарџиев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни