Поврзете се со нас

Германија

Тухел го образложи планот за чудо на Баерн против Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Манчестер Сити, но германскиот тим ќе се обиде да направи подвиг на домашен терен против актуелниот англиски првак.

Тоа е очекувано од тимот на Томас Тухел, кој на располагање има силен состав, а тренерот на Баерн и денеска потенцирал дека тој и играчите до последно ќе веруваат во чудо.

– Треба да одиме чекор по чекор.

– Прва задача ни е да победиме во првото полувреме, а потоа се ќе биде можно.

– Мора да бидеме одговорни на теренот и да веруваме дека можеме да стигнеме до посакуван резултат, никако не смееме да брзаме во тој обид.

– Ако успееме, тоа сигурно ќе биде чудо. Можеби овојпат ќе имаме и повеќе среќа, треба да се поклопат многу работи кога бркате ваков резултат, – истакнал Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни