Поврзете се со нас

Англија

Трошоци за агенти: Челси ги предводи премиерлигашите, за една година исплатени над 400 милиони фунти

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Премиерлигашите исплатиле 409,5 милиони фунти на агенти и посредници во период од само една година, – објавија англиските медиуми повикувајќи се на податоците на Англиската фудбалска асоцијација.

Челси е на врвот со нешто повеќе од 75 милиони фунти, потрошени само за агентите и посредниците кои учествувале во реализација на трансферите во ерата на американските сопственици предводени од Тод Боли.

Манчестер Сити е втор со 60,6 милиони фунти, а далеку зад водечката двојка е Манчестер Јунајтед со исплатена сума од 34 милиони фунти.

Ливерпул, Арсенал и Астон Вила ја надминале сумата од 20 милиони фунти, додека најмалку потрошил Лутон (2 милиона фунти).

Фудбалската асоцијација ја направила анализата за периодот од февруари 2023 до февруари 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни