Поврзете се со нас

Италија

Третолигашот Олбија ги изнасмеа фановите со начинот на кој најави засилување

Објавено

на

Натпреварите од италијанската Ц лига или трето по квалитет натпреварување во земјата започнуваат наскоро, а голем дел од екипите и натаму се обидуваат да ги засилат ростерите во обидот да изборат пласман во Серија Б.

Членот на Б групата од Серија Ц, екипата на Олбија се пофали со нов фудбалер во одбраната, поточно за ангажирањето на Фабрицио Брињани од прволигашот Болоња.

Она што ги изнасмеа фановите е начинот на кој Олбија го најави пристигнувањето на Брињани, објавувајќи фотографија како минува на печашки премин со куферите под рака.

Подоцна, клубот со уште еден твит и одблиску го потврди Брињани, кој им се приклучил на тренинзите на третолигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни