АБА лига
Тренерот на Звезда за ниската провокација од Калиниќ: Му се извинувам на Партизан (Видео)

Големото дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан во мајсторката за трофеј во АБА лигата донесе се што можеше да се очекува, односно понуди вообичаена тензија, многу провокации, прекини од судиите и празнење на салата.
Она што стана тренд кај нашиот сосед продолжи и во последниот меч од финалната серија во регионалното натпреварување, па вистинска штета е што по една таква изедначена пресметка, повеќе се зборува за инциденти и провокации, отколку за кошарка.
Разочараниот Жељко Обрадовиќ одби да зборува за кошарка пред српските новинари по поразот од 80:77, додека Дејан Радоњиќ беше приморан да му се извинува на колегата, но и на Партизан како колектив.
Причина за тоа беше некоректниот потег на Никола Калиниќ, кој по звукот на сирената, се упати кон клупата на Партизан и славеше пред нив, или поточно му возврати на Трифуновиќ кој направи нешто слично на претходниот меч.
– Имаше многу полемики во оваа финална серија, но јас не сакам да зборувам за тоа. За жал, многу малку се зборува за кошарка, а мислам дека се играше навистина добро. Морам да испратам извинување за однесувањето на Никола Калиниќ кон клупата на Партизан. Тешко е да се зборува после ваква серија, но горд сум на тоа што го одбранивме тронот и што повторно се пласиравме во Евролигата, – изјави тренерот на Звезда.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Светпред 24 часа
Мајсторија во негов стил: Дончиќ со магична асистенција одново го воодушеви кошаркарскиот свет (ВИДЕО)