Поврзете се со нас

Франција

Тренерот на ПСЖ за големата тројка: Мора да прифатат да бидат резерви

Објавено

на

Кристоф Галтие има супер успешен старт на тренерската епизода во Пари Сен Жермен во која веќе освои еден трофеј (Супер Купот на Франција), а одлично го води тимот во Лига 1 каде по 6. кола е на првата позиција на табелата со гол разлика 24-4.

Стратегот засега одлучно менаџира и со големите ѕвезди во екипата, особено големата тројка Лионел Меси, Нејмар, Килијан Мбапе на која им испрати директна порака дека мора на некои натпревари да прифатат да бидат резерви или да бидат испратени на клупата.

Нејмар беше резерва на последниот дуел во шампионатот, Меси беше заменет против Монако и Тулуз, а повлечен беше и Мбапе.

-Двапати зборував за тоа-еднаш со секој од нив и еднаш со целиот тим за да им кажам дека вака ќе биде и дека мораме да имаме правилен став и тоа да го прифатиме. Велите дека е ново, но тоа е обврска за сите поради многу напорниот распоред.

-Играме многу, на секои три дена, потоа на секои четири дена, потоа е Светското првенство. Сите мора да разберат дека нема да можат да ги играат сите натпревари, -рече Галтие кој со ова испрати јасна порака дека едноставно е главен и нема да прифати никакви критики, сугестии на оваа тема.

ПСЖ утре има нов дуел и тоа против Јувентус во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни