Поврзете се со нас

Англија

Тренерот на Борнмут бесен: Тоа беше чист пенал за нас (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/afcbournemouth

Борнмут водеше двапати во соочувањето со Манчестер Јунајтед, но и тоа не се покажа како доволно за да се освојат трите бода во соочувањето со „црвените ѓаволи“.

Домаќините жестоко се бореа до самиот крај, па во самиот финиш судијата Тони Херингтон покажа и на белата точка, но со помош на ВАР беше утврдено дека прекршокот започнал, бил направен надвор од казнениот простор. Со оваа одлука не се согласува тренерот на Борнмут, Андони Ираила кој смета дека заслужиле да добијат удар од 11 метри во таа ситуација.

-Верувам дека тоа беше пенал. Пеналот за Њукасл против нас, контактот започна надвор од шеснаесетникот. Ама денеска првата рамка беше ставена, така што првиот контакт беше на работ од шестанесетникот, но контактот продолжува еден, два метри внатре и го запира играчот. Не е само еден момент и Кристи е долу. Дефанзивецот оди со Кристи еден, два метри во шеснаесетникот. За мене тоа е очигледно.

-Во првото полувреме Мејну глуми и нема жолт картон, второ полувреме Кристи, има контакт и паѓа, добива жолт картон за глума. Што е разликата?, -истакна Шпанецот за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни