Балкан
Трајковски со првенецот за Хајдук донесе важна победа за својот тим (Видео)

Александар Трајковски досега запиша една асистенција во хрватската елита на дербито против Динамо, но денеска го дочека својот првенец во дресот на Хајдук и донесе победа за својот тим.
Македонскиот репрезентативец веќе се наметна како сигурен стартер и се почесто е важен дел од акциите на Хајдук, па денеска беше човек на одлука на мечот кој се одигра на „Пољуд“.
Хајдук оствари минимален триумф и погодокот беше постигнат на стартот на вториот дел, кога популарниот Алекс ја испрати акцијата од левата страна и се најде на вистинско место во вистинско време.
Погодокот во 47-та минута ја направи клучната разлика на натперварот и Хајдук освои важни три бода, со кои сега тимот од Сплит се израмни со лидерот на табелата.
Ријека вчера киксираше и не освои три бода, па така сега има идентични 27 како Хајдук на делбата на првата позиција.
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 12 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 16 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 17 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 15 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)