Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал: Рафа ќе се врати само под еден услов

Објавено

на

Рафаел Надал веќе подолго време го нема на терените или поточно негов последен турнир е Австралија Опен каде загуби од Мекензи Мекдоналд со 6:4, 6:4, 7:5.

Шпанецот беше повреден во изминатиов период и иако тренира тој се уште не е максимално фит, подготвен, па ги пропушти турнирите во Монте Карло и Барселона. Медиумите пренесоа дека Рафа би можел да се врати во Мадрид, но неговиот чичко Тони не го потврди ова притоа посочувајќи под услов неговиот внук ќе биде активен на големата сцена.

-Разговарав со Рафа во сабота и ќе се врати само ако 100 проценти е во добра состојба. Тој играше на Австралија опен без да се чувствува најдобро. Сега тој сака да се чувствува многу добро. Засега мора да почекаме. Но неговата замисла е да обидува да победи уште еднаш, -рече Тони кој кратко говореше и за Ролан Гарос.

-Многупати ова го кажав за Рафа – дури и кога не доаѓа во најдобра состојба, сè се менува кога ќе зачекори на Филип Шатрие. Потребни му се само неколку не толку силни натпревари за да се залета. Знам дека тие се опасни Звевер, Алкараз, Ѓоковиќ, Руне, Рубљов, но исто така знам дека Рафа може да побед, -подвлече некогашниот тренер на бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни