Поврзете се со нас

Репрезентација

Томовски: Секој си ја знае својата задача, време е да се покажеме на терен

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација е пред нов предизвик, битка со Романија која е прва наша пречка на патот до Светското првенство кое наредната година се игра во Полска и Шведска.

За да стигнене до мундијалот мораме да минеме два баражи со тоа што фокусот сега е на Романците со кои ќе ги одмериме силите на 17 и 19 март во Скопје и Букурешт. Во нашиот тим го почитуваа тимот предводен од Чави Пасквал, ама во исто време најавуваат добри партии и финале со Чешка (вториот ривал во баражот).

Лазаров: Пасквал сигурно ќе подготви некое изненадување

-Полека созреваме како репрезентација, психички сме многу подобрени. Без еуфорија треба да влезиме во овој двомеч се со цел да го потврдиме нашиот квалитет. Романците се сериозен ривал, ги почитуваме. Мора да се истакне дека извлековме неколку лекции од ЕП, влеговме во еден систем и секој од нас веќе си ја знае својата задача на теренот. Подготвени сме, време е да се покажеме на терен, -порача голманот Мартин Томовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни