Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Пасквал сигурно ќе подготви некое изненадување

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација ги започна подготовките за баражот против Романија за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Романците ни се прва пречка на патот до мундијалот, противник кој не смее да се потцени, но и прецени без разлика што на клупата го имаат трофејниот шпански стручњак Хави Пасквал. Нашиот селектор и воедно капитен, Кире Лазаров многу добро го познава Пасквал и смета дека истиот сигурено има подготвено некое изненадување.

-Знаевме дека ќе играме бараж, тоа го имав во глава и кога бев поставен за селектор. Романија е селекција која треба да се почитува, го имаат Пасквал за селектор, човек кој беше тренер 12 години во Барселона, а тоа доволно збори за неговата големина. Имаат промени и напредок на клупски и репрезентативен план. Познавајќи го Чави сигурно ќе подготви некое изненадување. ама јас го знам како работи. Ние направивме анализа и сигурен сум дека добро ќе се подготвиме за тие бараж натпревари, -порача селекторот Лазаров.

Првиот натпревар од бараж битката се игра во Скопје на 17 март во 19:00 часот, додека реваншот е на 19 во Букурешт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни