Поврзете се со нас

Евролига

Теодосиќ сепак ќе го облече дресот на Црвена Звезда

Објавено

на

Foto:twitter.com/VirtusSegafredo

Последните денови имаше спротивставени информации за договорот меѓу Милош Теодосиќ и Црвена Звезда, а „Кориере дело Спорт“ тврдеше дека иако имало преговори, истите биле прекинати и трансферот пропаднал.

Сепак, вечерва српските медиуми пренесоа дека Теодосиќ ќе биде трето засилување летово за црвено-белите и недостасува само официјална потврда на евролигашот.

Искусниот плејмејкер ќе биде големо засилување за Звезда, а бил задоволен од преговорите со раководството и плановите на тренерот Душко Ивановиќ.

Пред Теодосиќ, за белградскиот состав потпишаа и Дејан Давидовац и Марко Симоновиќ, па Црвена Звезда најавува дека планира да има квалитетен состав со кој ќе настапува и во Евролигата.

Теодосиќ досега беше член на Виртуз Болоња, а во Европа претходно настапуваше и за ЦСКА Москва, Олимпијакос и ФМП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни