Поврзете се со нас

Европски купови

Тарабокија: Знаеме дека ќе биде тешко, ама со повеќе желба и борбеност можеме да се носиме со сите

Објавено

на

Ракометарите на Металург вечерва во Виена ќе се соочат со Фајверс во рамките на 9. коло од групната фаза на Лига Европа.

Нашиот претставник и на оваа средба нема да може да смета на сите „оружја“, поточно ќе биде некомплетен, но без разлика на се желбата, мотивот за добра претстава е голем и тоа против тимот со кого во Скопје беше освоен единствениот бод во досегашното натпреварување.

Знаеме дека ќе биде тешко. Видовме како беше во Скопје, одигравме нерешено, а тогаш бевме и комплетни. Сега ќе играме во Виена. Подолго време сме некомплетни, што поради корона, репрезентација, па некои позитивни некои не, едвај да одработевме неколку тренинзи комплетни. Но, еве, покажавме против Чеховски Медведи дека со повеќе волја, желба и борбеност можеме да се носиме со сите.

-Многу играчи, јас меѓу нив, се најдовме во ситуација да играме и напад и одбрана, што можеби никогаш и не сме го играле. Но, за сите особено за младите ова е големо искуство. А натпреварот ќе покаже што ќе биде. Јас сум добро, излегов од изолација, се договорив со тренерот – ако не се чувствувам добро да излезам, но засега е се добро. Јас и додека бев во изолација се обидов да тренирам, сам, така што засега е добро, -порачува бекот Марко Тарабокија.

Средбата во Австрија се игра од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни