Поврзете се со нас

Балкан

Тадиќ: Никогаш не сум постигнал ваков гол (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Fenerbahce_EN

Фенербахче ја потврди улогата на фаворит во пресметката со Адана Демирспор на Јован Манев и со тоа повторно и се „залепи“ на Галатасарај во борбата за титулата во Турција.

Средбата во Истанбул беше одбележана од мајсторијата на Душан Тадиќ кој постигна гол скоро од половина терен во второто полувреме. Тој ја искористи грешката на гостите и фактот дека противничкиот голман беше далеку од своето место, па со максимално прецизен удар ја затресе мрежата за големо задоволство, ерупција на домашните фанови.

-Никогаш во кариерата не сум постигнал гол од толкава дистанца. Ова ми е прв пат. Тоа не е нешто што го доживувате многу често. Најважно е што освоивме три бода, што одигравме добро. Ги израдувавме нашите навивачи, -порача српскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни