Поврзете се со нас

Балкан

Тадиќ со мајсторски гол од половина терен ги запали навивачите на Фенербахче (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Fenerbahce_EN

Фенербахче го доби дуелот со Адана Демирспор со 4-2 и со тоа ја продолжи жестоката битка со Галатасарај за титулата во Турција.

Сите четири удари на домаќините во рамките на голот завршија во мрежата на гостите, а особено атрактивен беше погодокот на искусниот српски интернационалец Душан Тадиќ во 70 минута.

Играчите на Адана Демирспор не се снајдоа најдобро, Тадиќ ја украде топката и потоа следуваше перфектен удар од скоро половина терен кој заврши на вистинското место со оглед на тоа што противниот голман беше излезен, поточно немаше време да се врати на својата позиција.

Fenerbahce [3]-1 Adana Demirspor – Dusan Tadic 71′
byu/Meladroitdimage insoccer

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни