Поврзете се со нас

Англија

Страшна техника и еврогол на Ковачиќ, Сити го презема врвот во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити се навикна да има шампионски спринт во финишот од претходните неколку сезони, а изгледа дека тимот на Пеп Гвардиола полека влегува во посакуваната форма кога ќе се решаваат титулите во најважните натпреварувања.

Актуелниот англиски и европски шампион ја искористи шансата да игра прв пред ривалите за трофејот во Премиер лигата, па со сигурно издание го префрли притисокот кај Арсенал и Ливерпул.

„Граѓаните“ немаа проблеми против Лутон и постигнаа гол по само 66 секунди игра, односно автогол си постигна Хашиока по акробатскиот удар на Ерлинг Халанд.

Водство од втората минута беше активно долго и се чекаше на промена на резултатот до 64-та минута, а тогаш на дело стапи Матео Ковачиќ кој презентираше страшна техника и постигна еврогол за најавните шпици.

Ковачиќ направи просечното додавање од Алварез да изгледа спектакуларно и постигна извонреден гол со волеј, по што стана јасно дека работите стануваат доста полесни за фаворитот.

Во продолжение, Доку брилјираше и се избори за пенал кој во гол го претвори Халанд, а до крајот се запиша во листата на стрелците и една аситенција. Конечните 5:1 ги постави Гвардиол со нов извонреден удар со десната нога, а претходно почесен гол за Лутон постигна Баркли.

Со оваа победа, Сити ќе преноќи на врвот на табелата во Премиер лигата и мирно ќе ги исчекува утрешните резултат на Ливерпул и Арсенал (против Кристал Палас и Астон Вила).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни