Поврзете се со нас

Пливање

Страшна сцена на СП: Американска пливачка се онесвестила и почнала да тоне, па херојски била спасена од Шпанката Фуентес (Видео)

Објавено

на

Изминативе денови во тек е Светското првенство во пливање кое се одржува во Будимпешта, но од вчерашната програма, пристигна една случка која всушност им ја задледила крва на сите присутни во базенот и околу него.

Натпреварувачите и членовите на тимовите во унгарската престолнина за малку можеле да сведочат на голема трагедија, бидејќи американската пливачка Анита Алварез се онесвестила додека ја извршувала својата дисциплина.

Младата пливачка се онесвестила и почнала да тоне на дното од базенот, а била спасена благодарение на херојската реакција на нејзиниот тренер, Шпанката, Андреа Фуентес.

Новинската агенција „АФП“ ги пренесе ексклузивните фотографии од страшниот настан од Будимпешта, но ја пренесе и изјавата на Фуентес која реагирала навреме и брзо ја извлекла својата ученичка од водата.

– Морав брзо да реагирам и да скокнам во водата. Сите се стаписаа, дури и спасувачите. Се преплашив бидејќи забележав дека не дише, но сега е многу подобро и нема опасност. Сега ќе мора да одмора, – изјавила Фуентес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни