Поврзете се со нас

Формула 1

Спорните пораки на Хорнер пратени до медиумите, Тото Волф го искористи „пеналот“

Објавено

на

Кристијан Хорнер се најде во ситуација да му се заканува отказ од Ред Бул и тоа пред почетокот на новата сезона, во која неговиот тим повторно е главен фаворит за доминација во Формула 1 шампионатот.

Британецот беше обвинет за непристоен однос кон колешка од Ред Бул, но тимот објави дека нема да биде казнет по „деталната и фер истрага“ направена имајќи ги предвид сите докази и наводи.

Во меѓувреме медиумите објавија информација дека на адреса на голем број медиуми и инволвирани страни стигнал линк, преку кој можеле да се добијат исечоци од пораките кои Хорнер и ги испраќал на жената која го обвинила за непристоен однос. Тимскиот шеф повторно демантираше дека направил нешто за што е обвинет и се повикал на резултатот на истрагата.

Целата ситуација со големо внимание ја следеа и ривалите на Ред Бул, а очекувано меѓу првите се изјасни Тото Волф од Мерцедес.

– Како спорт не смееме да оставиме неразјаснети работи и обвинувања. Ова се критични теми и ќе не „стигнат“ ако не ги решиме.

– Има дама во нивната организација која се пожалила, имало истрага и каква порака добивме: Се е во ред, разгледавме. Како спорт, потребна ни е поголема транспарентност на вакви критични теми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни