Поврзете се со нас

Англија

Солскјер откри зошто го повлекол Погба на полувреме на дуелот со Гранада

Објавено

на

Манчестер Јунајтед обезбеди и втора победа над Гранада и заслужено се пласираше во полуфиналето на Лига Европа.

Пол Погба повторно беше еден од најдобрите играчи на домашниот тим на теренот, но менаџерот Оле Гунар Солскјер го остави во соблекувалната по паузата за полувреме.

Норвешкиот стручњак по средбата откри зошто се решил на таков чекор, иако Погба игра во одлична форма, а беше и асистент на првиот гол на Јунајтед.

– Понекогаш, Пол има толку голема мотивација да победи…

– На оваа средба имаше неколку опасни стартови откако заработи жолт картон и решив дека не сакам да ризикувам да биде исклучен, иако играше одлично. Против Гранада имавме тројца суспендирани играчи, па не сакав дополнителни тешкотии за продолжението од сезоната, – изјавил Солскјер.

Противник на Јунајтед во полуфиналната рунда на ЛЕ ќе му биде италијанска Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни