Поврзете се со нас

Италија

Соиграч на Елмас од Наполи доби казна од клубот по интервјуто во кое навести дека ќе си оди

Објавено

на

Соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Матео Политано заработи казна од клубот откако неодамна во интервју за „Спорт Италија“ навести дека би можел да го напушти клубот.

Фудбалерот кој не остави силен впечаток под водство на Лучијано Спалети минатата сезона сега се наоѓа пред заминување од клубот, а интерес за него наводно пројавил тимот на Валенсија.

Шпанците на чија клупа неодамна седна Џенаро Гатузо ќе се обидат да го донесат Политано уште во текот на оваа недела.

Дека трансферот е возможен потврди и самиот Политано во интервју кое сигурно ќе му донесе казна од неговиот се уште актуелен клуб.

Од Наполи најавиле дека ќе го казнат играчот согласно правилата и регулативите на клубот, а казната веројатно ќе биде само парична.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни