Поврзете се со нас

Балкан

Скршениот Кер: Цел тим го гледаше мечот меѓу Партизан-Мега, никогаш не сум видел вакво нешто

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Екипата на Голден Стејт Вориорс на чело со Стив Кер има турбулентна сезона во НБА лигата за да пред неколку дена се соочат со нов шок, смртта на помошник тренерот Дејан Милојевиќ.

Милојевиќ имаше срцев удар при тимската вечера во Солт Лејк Сити, па иако беше пренесен во болница, тој не успеа да ја добие оваа битка.

„Воините“ се уште немаат одиграно натпревар од тој настан, овие случувањата, а дека загубата на Деки многу ги погоди говори изјавата на тренерот Стив Кер.

-Срцепарателно. Поразително. Ова е најтешката работа во која сум бил дел во НБА. Тешко е да се опише оваа наша недела. Изгубивме некој толку близок до нас. Уште поважно, најтешкиот дел е да се види како страда неговото семејство, -рече Кер кој откри дека сите заедно како група го гледале вчераниот меч меѓу Партизан и Мега во АБА лигата.

-Последнава недела, последните пет дена, беа исполнети со шокови, емоции, големи изливи на љубов… Не знам дали го видовте настанот во Србија, двете екипи во кои беше, Мега која ја тренираше и Партизан во кој беше ѕвезда. Не знам дека сум видел ваква посвета пред натпревар. Го гледавме како тим. Добивме подобра слика за тоа што значел Дејан за своите сонародници. Се разбира, тој ни значеше многу, Наташа, Маша и Никола… Ова беше поразително за нас, -порача предводникот на „воините“.

„Штарк арената“ обоена во црно поради Милојевиќ, „Гробарите“ го испратија својот херој на величествен начин (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни