Поврзете се со нас

Дејвис куп

Сингл победата на Ѓоковиќ недоволна, Хрватите обезбедија финале во Дејвис купот

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ обезбеди уште една сингл победа во Дејвис куп полуфиналето на Србија против Хрватска, но тој и Филип Крајиновиќ беа немоќни против докажаниот дубл составен од Никола Мектиќ и Мате Павиќ.

Полуфиналната пресметка започна со многу важна победа на Борна Гојо во дуелот со Лајовиќ (2:1), додека подоцна Ѓоковиќ славеше над Марин Чилиќ со 2:0 во сетови.

Мечот во игра на двојки беше решавачки за патникот во финалето, а во него Мектиќ и Павиќ беа трпеливи до дванаесеттиот гејм во првиот сет и доминираа во вториот за конечни 7:5/6:1.

Светскиот рекет број еден и неговите колеги нема да можат да се борат за титулата, а Хрватите за противник ќе го имаат подобриот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат Русија и Германија.

Финалето ќе се игра во недела во Мадрид, а Хрватите досега имаат три трофеи во Дејвис купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни