Поврзете се со нас

Македонија

Сигурни победи за Воска Спорт и Гостивар, Вардар од пенал ја сруши Беласица

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FKVardarSkopje

Екипите на Воска Спорт, Гостивар и Вардар запишаа победи во средбите од 27. коло во Втората македонска лига.

Лидерот Воска немаше проблеми против Арсими и славеше со 3-1, а уште поубедлив беше Гостивар кој го надигра Охрид со 3-0. Од водечката тројка најтешко мина Вардар кој во самиот финиш го скриши отпорот на Беласица и тоа со голот од пенал на Николовски во 84. минута.

Воска во наредната рунда се соочува со Охрид, Гостивар има дуел со Детонит Плачковица, додека „црвен-црните“ играат братско дерби со Тетекс.

ВТОРА ЛИГА – 27. КОЛО
Беласица – Вардар 0-1
Гостивар – Охрид 3-0
Воска Спорт – Арсими 3-1
Тетекс – Пелистер 2-1
Беса – Детонит 3-0
Слога Виница – Кожуф 2-1
Локомотива – Караорман 4-0
Каменица Саса – Борец 3-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни