Поврзете се со нас

Европски првенства

Шок за Иле: Професорот Маријани му ја соопшти најлошата вест на Несторовски!

Објавено

на

Прогнозите за повредата на Илија Несторовски не беа воопшто оптимистички, но сепак по денешната консултација со познатиот Професор Маријани кој е специјалист за колена во Рим, било потврдено најцрното и најлошо сценарио за македонскиот репрезентативец.

Иле сигурно ги минува најтешките моменти во својата играчка кариера, бидејќи деталните прегледи покажале дека станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на коленото, што значи дека сонот наречен настап на Европско првенство нема да може да го оствари.

Несторовски одигра многу важна улога во историските квалификации и беше сигурен стартер во клучните натпревари против Косово и Грузија, но за жал, неговото место на континенталниот турнир ќе мора да го пополни друг фудбалер, откако попладнево пристигнаа најнепосакувани вести од италијанската престолнина.

Професорот Маријани утврдил дека станува збор за комплетно кинење на лигаментот, а последните информации од Италија велат дека Несторовски уште денеска ќе замине „под нож“ и ќе му биде направена стандардна артроскопска операција.

Македонскиот напаѓач со сигурност ќе го пропушти Европското првенство, а пред него следи и долга рехабилитација бидејќи во најдобар случај, ќе паузира шест месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни