Поврзете се со нас

Светски првенства

Шок за Бразил и Италија, познати шест осминафинални парови на женскиот мундијал

Објавено

на

Светското фудбалско првенство во женска конкуренција влегува во втората, нокаут фаза, во која репрезентациите продолжуваат со борбата за престижната титула.

По денешните натпревари без пласман во осминафиналето останаа Бразил и Италија, две селекции кои сигурно ќе бидат разочарани од ваквиот епилог, а кои своето место мораа да им го отстапат на Јамајка, односно Јужна Африка.

Италија загуби од Јужна Африка на драматичен начин со 3:2 и така остана без второто место, додека Бразилките ремизираа со Јамајка, што беше доволно за ривалките да одат во осминафиналето.

Со овие средби од групната фаза, потврдени се шест осминафинални парови, па Американките предводени од нашиот Влатко Андоновски ќе се сретнат со Шведска.

Осминафинале на СП за жени:

Швајцарија-Шпанија
Холандија-Јужна Африка
САД-Шведска
Норвешка-Јапонија
Австралија-Данска
Англија-Нигерија

Утре ќе се одиграат последните средби од групата Х, по што ќе бидат познати и преостанатите две двојки, со тоа што е јасно дека свои противници очекуваат Франција и Јамајка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни