Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шкупи го реши Линколн и со една нога е во наредната фаза од квалификациите (Видео)

Објавено

на

Екипата на Шкупи го искористи домашниот терен и ја оправда фаворитската улога против тимот на Линколн од Гибралтар.

Македонскиот шампион со убедливи 3:0 славеше против аутсајдерот и со една нога е во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите.

Данфа и Санде Адетунџи донесоа рано водство и предност од 2:0 за чаирчани во првото полувреме.

Во вториот дел беше постигнат автогол преку Чиполина постигнат во 62. минута од натпреварот.

Избраниците на Гоце Седлоски речиси цело второ полувреме го играа со играч помалку откако Маргвелашвили беше исклучен по два жолти картони.

Доколку го мине Линколн, а тоа е извесно по првиот натпревар, Шкупи во второто коло од квалификациите ќе игра против тимот на Динамо Загреб.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни