Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи го презема врвот, Вардар фати приклучок со втора победа во серија

Објавено

на

Шкупи славеше со убедливи 3:0 во скопското дерби со Работнички, а ги искористи и резултатите на главните ривали за да се искачи на првата позиција на табелата.

Куeвен со два и Кука со еден гол донесоа убедлива победа за Шкупи, кој сега има подобра разлика од Шкендија, екипа која со денешното реми ја загуби предноста, односно има ист број бодови со скопскиот ривал.

Тетовци имаа негатива против Воска Спорт, но со голот на Шала стигнаа до резултат 1:1, што сепак е разочарување за фаворитот, додека Струга помина уште полошо на гостувањето кај Гостивар.

Домашниот тим победи со 2:1 во дуелот со актуелниот шампион, продолжувајќи ја одличната позитивна серија и му откина важни бодови во битката за титулата.

Вардар врза две победи по ред, а денеска „црвено-црните“ го совладаа тимот на АП Брера со голот на Омерагиќ од почетниот дел на натпреварот.

Македонија Ѓорче Петров долго водеше против Тиквеш со голот на Попзлатанов, но во судиското надополнување гостите добија пенал, од кој преку Ивановски ги поставија конечните 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни