Поврзете се со нас

Англија

Ширер со вулгарен коментар го нападна Жота за изнудениот пенал (Видео)

Објавено

на

Диого Жота доста често е вистинскиот „џокер“ од клупата за резерви и секогаш носи позитивни работи на теренот, но иако таков беше случајот и вчера, сепак Португалецот наиде на жестоки критики.

Жота се избори за пенал кој го реши прашањето околу победникот на мечот меѓу Ливерпул и Њукасл, но неговиот пад во ситуација кога имаше празна мрежа донесе бесни реакции на Островот.

Најголем дел од легендите се свртеа против фудбалерот на Ливерпул и му испратија серија критики, меѓутоа највулгарен од сите беше Алан Ширер.

Легендарниот напаѓач на Њукасл не можеше да поверува за каква ситуација Жота доби пенал, па не ги ни бираше зборовите во обраќањето на „Икс“ (Твитер).

– Е.ено засрамувачки, – порача Ширер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни