Поврзете се со нас

Балкан

Сериозни критики за формата на Адеми: Тој е најголем проблем на Динамо! (Фото)

Објавено

на

Динамо беше потопен од Милан среде Загреб и поразот од 0:4 е најреална слика за она што се случуваше на теренот, со тоа што мора да се нагласи дека гостите од Италија пропуштија и неколку изгледни шанси за уште поубедлива победа.

Тимот кој направи големо изненадување на стартот на Лигата на шампионите и го победи Челси на „Максимир“ изгледа непрепознатливо во последно време, па иако Аријан Адеми како капитен е голем оптимист и се уште верува во чудо во последното коло, сега еден од најпознатите хрватски медиуми излезе со неочекуван напад врз македонскиот репрезентативец.

Угледниот „Индекс“ смета дека Адеми е најголем проблем за Динамо оваа сезона, бидејќи според нивната анализа, тој веќе не е во состојба да го издржи напорниот ритам кој го бара модерниот фудбал после многубројните повреди, особено кога не добива никаква поштеда од тренерот Чачиќ.

– Најголем проблем за Динамо оваа сезона е Аријан Адеми. Живата легенда на клубот и омилен лик во соблекувалната и клупските ходници е комплетно надвор од форма. Капитенот на Динамо играше добро на стартот на сезоната, но како што истата одминува и ритамот на натпревари се засилува, Адеми го губи чекорот и на многу важни натпревари беше играч помалку за Динамо.

– На почетокот на сезоната беше одличен, даде гол и асистираше против Шкупи на Максимир, даде гол и за Македонија, го изедначи дербито против Хајдук, но потоа следеше пад. Љубичиќ беше доведен како играч кој ќе го одмора Адеми, но мора да ја покрива левата бековска позиција бидејќи Чачиќ не верува на ниту еден од левите бекови.

– Единствен друг играч кој може да игра место Адеми е Марко Булат, но и тој се враќа од тешка повреда, па Адеми мора да игра речиси на секој меч оваа сезона. Адеми веќе не може да го прати тој ритам после бројните повреди во изминатите неколку сезони. Се виде тоа на двата меча со Салцбург, се виде и на дербито со Хајдук на „Пољуд“, а се биде и на „Максимир“ против Милан. Чачиќ мора да измисли нешто, бидејќи ваков Адеми не е добар за Динамо, но ниту за сам себе. Не треба за играч со повеќе од 350 натпревари во Динамо да се смета за играч помалку на теренот. Проблемот е во тоа што никој во клубот нема храброст да му го каже тоа, а истовремено никој не му прави услуга со тоа што постојано игра, – гласи текстот на „Индекс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни