Поврзете се со нас

Англија

Се сели во ПЛ: Лацио остана без планираното засилување од Холандија

Објавено

на

foto:twitter.com/WhoScored

Италијанскиот прволигаш Лацио се мачи кога се во прашање засилувања во овој преоден рок и уште една потврда за тоа е што ќе остане без играчот за кого во изминатиов период се најавуваше дека сигурно ќе слета во Рим.

Се работи талентираниот унгараски бек, Милош Керкез кој е дел од Аз Алкмар. Тој наместо да ја облече униформата на Лацио се сели во Премиер лигата и во иднина ќе го носи дресот на Борнмут.

Премиерлигашот ќе плати 15,5 милиони фунти, односно фали само една работа да се комплетира зделката, левиот бек да ги мине задолжилетните лекарски прегледи.

Лацио бараше алтернатива за Хисај и како што сега стојат работите ќе мора пак своето внимание да го насочат кон Лука Пелегрини од Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни