Поврзете се со нас

Италија

Сари пред големото дерби во Италија: Ова е најнеспортскиот турнир

Објавено

на

Со дербито меѓу Интер и Рома ќе започнат четвртфиналните возбудувања во Копа Италија, натпреварување кое според искусниот Маурицио Сари е најнеспортскиот турнир во кој тој учествувал во својата кариера.

Тренерот на Лацио се подготвува за втората дерби пресметка во четвртфиналето на италијанскиот Куп, но пред мечот со Милан кој е утре на програмата, Маурицио ги искритикува водечките луѓе во Федерациајта поради начинот на кој го раководат најмасовното натпреварување на Апенините.

– Милан победи во дербито со Интер и доаѓа на мечот со поголема мотивација. Но, и ние победивме на важен меч и носиме самодоверба со нас.

– За мене, Копа Итаија е најнеспортскиот турнир во светот, комплетно е испрограмиран одредени тимови да стигнат до завршната фаза на натпреварувањето и да ги добијат парите од ТВ правата.

– Никој не знае кога се извршува ждрепката и каде се одржува и кој човек го прави тоа. Знаеме дека е така, но и покрај тоа ќе играме и ќе дадеме се од себе за да пројдеме понатаму, – изјави Сари пред гостувањето на „Сан Сиро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни