Поврзете се со нас

АТП

Руд за некарактеристичниот крај на полуфиналето со Ѓоковиќ: Некој од горе ја слушна мојата желба

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Каспер Руд немаше победа против топ 3 тенисер на сите претходни 25 дуели во својата кариера, но 26-от му донесе голема среќа и стави крај на една црна серија која трае со години.

Норвежанецот оствари една од најважните победи во својата кариера и триумфираше против светскиот рекет број еден, откако најпрво освои прв сет во пресметките со Новак Ѓоковиќ, а потоа и втор за триумф од 2:1.

Руд влезе со негатива од 5:0 во полуфиналето во Монте Карло и беше целосен аутсајдер, но сепак ја искористи скромната форма на Ноле и славеше со 6:4, 1:6 и 6:4.

Каспер направи клучен брејк во 10-от гејм во третиот сет, или поточно, доби и мала помош од Србинот кој со двојна грешка му овозможи на Руд да ја искористи третата меч топка.

– Искрено, немав одговори за Ѓоковиќ во досегашните наши пресметки. Среќен сум, ќе го паметам овој ден уште долго. Го победив Новак, најдобриот на светот. Никогаш претходно немав направено вакво нешто и многу сум среќен. Се уште сум во шок, водев во третиот сет, а тој како и секогаш се врати.

– Знаев дека ништо не е готово кога имав три меч топки, тој се врати со ас и добар волеј, а потоа го промаши првиот сервис и помислив на тоа колку пати се спасувал со добар втор сервис. Во тој момент малку се помолив во себе, побарав само еднаш да направи двојна сервис грешка. Некој од горе ја слушна мојата порака и ми ја исполни желбата. Не е убаво и не е карактеристично мечот да заврши со двојна грешка, но за мене тоа беше голема работа во тој момент, – призна Руд кој во финалето ќе се бори против Стефанос Циципас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни