Поврзете се со нас

Англија

Роналдо испрати порака откако донесе победа на „Гудисон парк“, Јунајтед експресно му одговори (Фото)

Објавено

на

Кристијано Роналдо одново доби шанса како резерва, но овојпат повредата на Антони Марсијал направи тоа да биде многу порано од предвиденото, што се покажа како доволно добро за побрза адаптација на теренот.

Португалската фудбалска ѕвезда го постигна победничкиот погодок против Евертон на „Гудисон парк“ и стигна до јубилеен 700-ти клупски гол во кариерата, што само говори за каква фудбалска легенда станува збор.

Дури и во најтешките моменти во кариерата, бројките на Роналдо доволно говорат за наследството кое му го остава на фудбалот, кое тој очигледно планира дополнително да го зголеми без оглед на лошиот период низ кој минува.

– Одлична победа момци! Уште еден чекор во вистинска насока!, – гласи пораката која ја испрати Роналдо на Инстаграм, а брзо доби одговор од Јунајтед.

Клубот експресно го потенцираше бројот „700“, алудирајќи на бројот на постигнати голови во неговата клупска кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни