Поврзете се со нас

Конференциска лига

Ристовски и Адеми добија тежок шпански противник во европскиот бараж (Фото)

Објавено

на

Возбудливото европско попладне во УЕФА заврши со извлекување на двојките за третото по ранг клупско натпреварување, а во Конференциската лига наши најпознати претставници се Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Динамо со победа над Балкани успеа да се пласира во нокаут рундата и да се погрижи за европска пролет, па тоа ќе му овозможи на клубот да го пријави Аријан Адеми за вториот дел од сезоната.

Македонскиот репрезентативец подоцна пристигна во Динамо и не беше дел од тимот кој беше пријавен за Европа, но сега може да биде голем плус за „модрите“ во тешкиот дуел кој следи.

Динамо доби навистина пеколно тежок ривал во Реал Бетис, па јасно е дека шпанскиот прволигаш ќе влезе како апсолутен фаворит во оваа елиминациска рунда.

Бараж дуели во Конференциска лига:

Штурм Грац – Слован Братислава
Сервет – Лудогорец
Унион Сент Жилоа – Ајнтрахт Франкфурт
Бетис – Динамо Загреб
Олимпијакос – Ференцварош
Ајакс – Бодо Глимт
Молде – Легија Варшава
Макаби Хаифа – Гент

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни