Поврзете се со нас

Свет

Ристовска блескаше против Ростов Дон, „мајсторка“ ќе го даде шампионот на Русија

Објавено

на

foto:twitter.com/whccska

Сара Ристовска и нејзините колешки од ЦСКА Москва претрпеа пораз од Ростов Дон од 27-26 во втората средба од финалната серија во Русија.

Домашниот тим успеа да се избори за минимален триумф и со тоа да остане жив во борбата за титулата, односно се избори за „мајсторка“ која ќе се одигра на 4 јуни во Москва. Ростов Дон го загуби првото полувреме со 14-13, но во вториот дел покажа повеќе од противникот, направи пресврт и израмни на 1-1 во пресметката.

Македонската репрезентативка Ристовска имаше квалитетен натпревар со пет голови од шест обиди. Таа беше прв стрелец кај ЦСКА заедно со Баева која имаше лоша реализација со пет погодоци од единаесет обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни