Поврзете се со нас

Англија

Рио со критики за Тен Хаг: „Камикази“ стилот го вади најлошото од неколку играчи

Објавено

на

Манчестер Јунајтед остана непоразен на дербито со Ливерпул, но менаџерот Ерик тен Хаг повторно заработи сериозни критики од клупските легенди на англискиот великан.

Рој Кин веднаш по натпреварот истакна дека и покрај резултатот со Ливерпул, останува впечатокот дека Јунајтед под водство на Тен Хег игра како „мал клуб“ од средината на табелата, додека Гери Невил истакнал дека не му се јасни многу работи во тактиката на холандскиот менаџер.

Во сличен стил сега им се придружи Рио Фердинанд, кој во својот подкаст испратил нов напад на сметка на Тен Хаг.

– Менаџерот јавно истакна дека „оние кои не го препознаваат стилот на игра на Јунајтед, очигледно гледаат погрешни работи“. Ако мене ме прашате, на секој натпревар се прашувам кој е тој стил на игра.

– По дербито велам дека ако овој камикази, отвори се сезаме, целосно неконтролиран пристап е тоа што го бараме, тогаш одлично си ја врши работата.

– Точно е дека Јунајтед имаше многу повреди, но имаат и другите екипи и сепак се трудат да играат на одреден начин. Не верувам дека Тен Хаг се залага за камикази стил на игра.

– Овој начин на играње овозможува да го видиме најлошото од некои играчи во одредени моменти. Касемиро од толку добар играч изгледа многу лошо на теренот кога играат на ваков начин. Во Реал Мадрид никогаш не се соочил со толку празен простор пред него, а истото важи и за Коби Мејну кој не може да игра без структура во тимот, – вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни