Поврзете се со нас

Балкан

Разиграниот Мекиќ го имаше насекаде, Задар го остави противникот без кош во една четвртина

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkzadar

Тимот на Задар продолжува да игра одлично во хрватскиот шампионат каде ја прокнижи 15. победа во 16 натпревар,

Избраниците на Јусуп славеа на гостувањето кај Забок со 79:58 и тоа во средба во која ќе ја паметата затоа што во третиот период не му дозволија на противникот да постигне ниту еден поен, поточно истата заврши со 22-0.

Токму тука аба-лигашот се одлепи и отиде на плус 25, па завршините десет минути беа чиста рутина.

Македонскиот репрезентативец, Адем Мекиќ беше одличен во дресот на гостите затоа што буквално го имаше секаде на теренот и на крајот заврши со 12 поени, 9 скокови, 6 асистенции, 5 украдени топки и 1 блокада. Најефикасен беше Мазалин со 20 поени на кои придодаде 7 скока и 6 асистенции.

Во наредното коло Задар е домаќин на најслабиот клуб во лигата-Боско.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни