Поврзете се со нас

Свет

Разиграниот Кузмановски му пресуди на Мелсунген

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски одигра одличен меч во дресот на Хановер, меч кој беше крунисан, заокружен со победа над Мелсунген од 29-22.

Кузмановски беше супер расположен, даваше голови, асистираше, разигруваше и овозможи неговата екипа да дојде до десеттиот сезонски триумф во Бундеслигата. Македонецот даде шест гола од осум обиди, плус имаше шест асистенции зад негово име.

Поефикасен од него беше само неговиот колега Бухнер со осум гола од осум удари кон голот на Мелсунген, тим кој од клупата го води Роберто Гарсија Парондо.

Хановер со 21 бод е на 14. место во првата германска лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни