Поврзете се со нас

Англија

Рамсдејл сака да стане легенда на Арсенал: Се надевам дека никогаш нема да заминам

Објавено

на

Малкумина очекуваа дека Арон Ремсдејл ќе прерасне во незаменлива алка во составот на Арсенал кој оваа сезона полека го поплочува патот кон враќање на тронот во англискиот фудбал.

„Топчиите“ веќе долго време се први на табелата во Премиер лигата и до крај ќе водат жестока борба за титулата со Манчестер Сити кој се чини дека е единствениот нивен конкурент за англискиот трон оваа сезона.

Работите во Арсенал конечно тргнаа во позитивна насока, а тоа може да се почувствува и од изјавата на самиот Ремсдејл кој истакна дека сака целата кариера да ја помине на „Емирејтс“ и да стане легенда на клубот.

– Во Арсенал, таму се гледам во следните 10, 12, 15 години, тоа е мојата цел, да останам во врвна форма толку долг период. Се надевма дека никогаш нема да треба да го напуштам клубот и ќе станам херој и легенда тука, -изјави Арон Ремсдејл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни