Поврзете се со нас

Македонија

Работнички се засили со македонски репрезентативец

Објавено

на

Екипата на Работнички утре ја отвара новата сезона во првата македонска лига и тоа градскиот ривал ТФТ Скопје, меч пред кој обезбеди уште едно засилување за натпреварувачката 2023/2024.

Центарци ќе можат да сметаат на услугите на македонскиот репрезентативец, Кристијан Николов кој беше без клуб откако ја заврши соработката со Коњаспор од Турција. Плејмејкерот во минатото го носеше дресот на МЗТ Скопје што значи ќе стане уште еден играч кој во историјата има настапувано за два најдобри, најтрофејни македонски клубови.

Работнички склопо интересен состав во кој од македонските кошаркари тука се Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски, Филип Бакоч и Андреј Шошкиќ, а кога се во прашање странците тренерот Мираковски ќе може да смета на Квентон Декоси, Димитрик Трис, Роберт Рикиќ и Ѓорѓе Џелетовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни