Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ и Ал Келаифи со неочекувани зборови го испратија Нејмар (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Нејмар мина турбулентни две-три сезони во ПСЖ и беше под постојан притисок од француската спортска јавност, но на крајот до толку го наруши односот и со навивачите, што направи да нема враќање од безизлезната ситуација.

После серија на трансфер периоди во кои беше поврзуван со заминување, Нејмар конечно си замина од „Паркот на принцовите“, откако ПСЖ ја прифати последната понуда која ја доби од Саудиска Арабија, а која истовремено ги задоволи и апетитите на фудбалерот.

ПСЖ ќе инкасира околу 100 милиони евра за трансферот на Бразилецот, а Нејмар ќе заработи речиси 400 милиони евра за двете сезони кои ги договори во Ал Хилал.

Ова е операција од која треба да профитираат сите три страни, па очигледно тоа направи да видиме и една долга објава од ПСЖ, која за јавноста е и доста неочекувана.

ПСЖ се збогува од Нејмар и го нарече вистинска легенда на клубот во кој мина шест години, а доста чудна е и изјавата на Ал Келаифи кој во изминатиот период испраќаше низа „отровни стрели“ до ѕвездите кои не сакаат да останат во ПСЖ.

– Секогаш е тешко да се збогуваш со исклучителен играч каков што е Нејмар, еден од најдобрите во светот. Никогаш нема да го заборавам денот кога пристигна во ПСЖ, мнема да заборавам што му донесе на нашиот клуб и на нашиот проект во изминатите шест години. Проживеавме одлични моменти заедно и Нејмар секогаш ќе биде дел од нашата историја. Сакам да му се заблагодарам на Нејмар и на неговото семејство. Му посакуваме се најдобро во иднина, – гласи изјавата на Ал Келаифи, претседателот на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни