Поврзете се со нас

Англија

Пропаднатиот талент на Милан се претвори во рекордно засилување за Вест Хем (Видео)

Објавено

на

Себастијан Алер до вечерва беше најскапо засилување во историјата на Вест Хем, но од денеска тоа се менува бидејќи амбициозниот клуб од Лондон ќе искешира 60 милиони евра во касата на Лион.

Всушност, дел од овие пари ќе заминат и во Милан кој ќе се „офајди“ од милионската зделка, во која Лукас Пакета завршува во редовите на Вест Хем.

Поранешниот голем фудбалски талент не успеа да се наметне во Милан и беше продаден во Лион, но „росонерите“ задржаа 15 проценти од првата за негова идна продажба, што значи дека во прв момент гарантирани им се 6 милиони евра.

Целиот трансфер на Пакета изнесува 60 милиони евра и тоа го прави најскапо засилување во историјата на Вест Хем, но клубот првично ќе исплати 40, а останатите 20 ќе бидат доплатени по исполнување на лесни бонуси.

Милан го купи Пакета за 35 милиони евра, го продаде за 20 пред две години, но сега враќа најмалку шест, а лесно ќе дојде и до девет милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни