Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Познати се арбитрите за осминафинални средби во ЛШ, Италијанец и Полјак на дерби средбите во Париз и Милано

Објавено

на

Се враќа Лигата на шампионите и тоа со првите средби од осминафиналната фаза кои се играат утре и задутре во сега веќе стандардниот термин 21 часот.

Четири натпревари ќе видиме во вторник и среда од кои два се издвојуваат Пари Сен Жермен-Реал Мадрид и Интер-Ливерпул. Европската фудбалска федерација (УЕФА) веќе ги делегираше арбитрите, па така на „Паркот на принцовите“ правдата ќе ја дели искусниот Италијанец, Даниеле Орсато.

Кога е во прашање Милано таму главен ќе биде Шимон Марчинијак од Полска.

Мајкл Оливер пак ќе им суди на Салцбург и Баерн Минхен кои се соочуваат задутре, додека Срѓан Јовановиќ од Србија ќе треба да се погрижи се да мине како што треба во Лисабон на мечот Спортинг-Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни